Потребни состојки:
- 500мл млеко
- 100гр кокос
- 150гр чоколадо
- 2 жолчки
- 200гр шеќер
- 2 кесички желатин
- 200мл павлака
Време на подготовка: 40 минути
Желатинот разматете го со малку млако и оставете да отстои 15 минути. Изматете жолчки со шеќер, додадете го останатиот дел од млекото, добро помешајте и ставете да се вари. Во загреано млеко разматете желатин, кратко варете и оставете да се олади. Павлаката изматете ја во сад, додадете ја смесата со желатин и добро измешајте. Поделете ја смесата на два дела, во еден ставете кокос, а во друг растопено чоколадо. Во чши распоредете прво чоколадна смеса, па потоа дел со кокос. Украсете по желба.