Потребни состојки:
- 400мл полномасно млеко
- 150гр чоколадо за готвење
- 2 кесички ванилин шеќер
- 1 стапче цимет
- 1 чили пиперка
- 2 лажички кафен шеќер
- 100мл слатка павлака
- 1 лажица амарето
- 2 лажици чоколадни мрвици
Начин на подготовка:
Во млекото додадете ванилин шеќер, кафеав шеќер, стапче цимет и чили пиперка. Загрејте до вриење. Додадете чоколадо искршено на парчиња и мешајте на тивок оган додека не се растопи.
Тргнете од оган, по десетина минути зачините отстранете ги, а чоколадниот напиток повторно загрејте го до вриење.
Во љубовниот напиток додадете амарето, украсете го со изматена слатка павлака и чоколадни мрвици.