Потребни состојки:
- 600гр брашно
- 220гр шеќер
- 2 мали лажици прашок за пециво
- 3 лажици какао за колачи
- 250гр путер
- 2 јајца
- 10 лажици млеко
- рендана кора од лимон
За фил:
- ½ кг посно свежо сирење
- 75гр шеќер во прав
- 1 пудинг од ванила
- ½ дл млеко
- 1 јајце
- 5 праски од конзерва (половинки)
Начин на подготовка:
Сите наведени состојки за тесто поделете ги во два дела со тоа што на едниот ќе додадете какао, а другиот ќе остане светол.
Брашното измешјате го со шеќер, прашок за пециво, какао и кора од лимон. Додадете путер исечен на тенки листови, па со прстите изгмечете го во тестото. Додадете јајце и по потреба многу малку (4-5 лажици) млеко. Со раце добро изгмечете го тестото и обликувајте го во форма на топка, замотајте го во проѕирна фолија и оставете 40 минути во фрижидер. На истиот начин измешајте го и светлото тесто и ставете го во фрижидер.
Подлабок сад обложете со хартија за печење, па на него поставете го темното тесто, потоа премачкајте со филот со сирење и праски. Покријте со светлото тесто.
Колачот печете го во загреана рерна на 170 степени, 40 минути. Печениот колач оставете го да се олади, а потоа исечете го на коцки и посипете со шеќер во прав.