Гулаш со мeсо и пченка

popara24 октомври, 20121min00
gulas

Потребни состојки:

  • 500гр говедско месо
  • 30гр путер
  • 200гр кромид
  • 1 лажица црвен пипер
  • 500-600мл вода
  • 80гр ориз
  • 100гр пченка
  • 200гр замрзнат грашок
  • пиперки
  • 4 жолчки од јајце

Начин на подготовка:

Говедското месо исечете го на коцки и кратко пропржете на растопен путер. Додадете исецкан кромид, заедно динстајте пет минути, па тргнете од оган. Измешајте со црвен пипер, половина од количината на вода и продолжете да готвите додека месото не омекне. Потоа додадете го оризот, пченка, грашок, пиперка исечена на коцки и истурете ја перостанатата вода. Продолжете со варење уште околу 20 минути оризот да омекне. Пред крај измешајте ги разматените жолчки и гответе уште пет минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma