Потребни состојки:
- 800 гр пилешко филе
150гр бадеми
1 главица црвен кромид - 2 лажици соја сос
2 пиперки, исечени на ленти
1 морков, исечени на стапчиња
3 лажици маслиново масло
лимонов сок
сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
1.Бадемите се ставаат во микробранова печка на висока моќност за 4 минути, се мешаат на 30 секунди.
2.Месото се сече на коцки и се промешува со соја сос.
3.Зејтин се загрева во длабок сад и во него се пржи месото на 7-8 мин. Извадете го и во истата маснотија се додаваат кромидот, морковите и пиперките. Се мешаат на силен оган 2-3 мин. Месото се враќа во тавата, се додаваат бадеми, се промешува уште 2-3 мин и се сервира.