- 2 јајца
- 2 чаши шеќер
- 1 чаша јогурт
- 1 чаша масло
- 2 чаши брашно
- 1 прашок за пециво
- 1 лажица какао
За фил:
- 1кг цреши или нешто помалку
- 3 лажици шеќер
- 2 лажици густин
- 1 лажица цимет
- 100гр чоколадо за готвење
- Коцка марагрин
Начин на подготовка:
Одеднаш со миксер изматете јајца, шеќер, масло, јогурт, брашно со парашок за пециво и какао. Истурете ја смесата во хартиени корпи кои претходно сте ги поставиле во тава за мафини.
Печете на 180 степени околу 20 минути. Изладете ги во фрижидер!
Во меѓувреме направете смеса од цреши. Поубавите издваојте ги и ставете ги на страна. Останатите исчистете ги, исечете ги на мали парчиња, сварете ги во малку вода и шеќери кога ќе омекнат додадете цимет и растворен густин со две лажици вода. Оставете ја ја смесата да се излади.
Откако ќе се олади наполнете ги колачите….
Со лажица изадете ја средината од тестото. Во дупката ставате од смесата со цреши, со прст притиснете на врвот за подоцна тука да додадете цреша.
Направете глазура во која во која ќе ги натопите сите наполнети колачи и додека глазурата сеуште е мека додадете ја црешата.