Потребни состојки:
- 700гр пилешки гради
- 150гр домати
- 170гр моцарела сирење
- лажичка зачин за пилешко месо
- сол
- масло
Начин на подготовка:
Посолете ги пилешките гради, зачинете и кратко пржете на масло. Потоа ставете ги во плех, одозгора наредете кругови сирење, домат и посипете со босилек. Печете 10 минути во рерна загреана на 180 степени. Како прилог сервирајте печени компири или варен ориз.