Супер есенска пита со прекрасен фил! Ќе погрешите ако не ја направите …
Потребни состојки:
12 кори за баклава (може и за гибаница, ама така питата подолго ќе се пече)
15 големи и полни лажици ајвар (благ или лут, по желба)
300 гр. сирење
3 јајца
100 гр. павлака
300 гр. свежи шампињони, исечкани на тенки листови
1 лажиче сол
1 лажиче прашок за печиво
сусам или ленено семе, за посипување
Подготовка:
Корите поделете ги на три дела по 4 кори. Во тавче за пржење ставете малку масло да се загрее. На загреаното масло ставете ги шампињоните да се пропржат. Пржете додека да испари нивната вода. Во посебен сад измешајте ги павлаката, јајцата и сирењето и печивото. По потреба, во зависност од тоа колку е солено сирењето, посолете. Почнете да ја редите питата. На работна површина ставете една кора. Попрскајте ја малку со масло и врз неа ставете уште една кора. Врз оваа втора кора, ставете 5 полни лажици ајвар и размачкајте ги убаво низ целата површина. Потоа, ставете уште една кора и врз оваа трета кора ставете 1/3 од филот со сирење. Ставете уште една кора, врз неа ставете 1/3 од филот со шампињони и завиткајте во ролат. На овој ист начин направете ги о преостанатите два ролати. Ролатите ставете го во тавче за печење обложено со хартија за печење. Секој ролат премачкајте го со остатокот од филот со сирење (ако ви остане, ако не, со белка од јајце) и посипете со ленено семе или сусам. Ставете ги ролатите да се печат во рерна загреана на 200 Целзиусови степени, додека да поруменат.