Потребни состојки:
- 300гр тестенини
- 1 тиквица
- 1-2 пиперки бабури
- 300гр мелено месо
- главица кромид
- 150гр кашкавал
- масло
- сол
- бел бибер
- босилек
Начин на подготовка:
Сварете ги тестенините во посолена вода. Исчистените тиквици и пиперки исечете ги на коцки. Сецканиот кромид пропржете го во загреано масло. Додадете го исецканиот зеленчук, а по неколку минути и меленото месо. На крајот додадете сол и бибер, па соединете со сварените тестенини и голем дел од ренданиот кашкавал. Смесата додадете ја во подмачкан сад и додадете го преостанатиот кашкавал. Печете 15 минути на 220 степени.