Потребни состојки:
- 180гр растителен маргарин
- 100гр шеќер во прав
- 100гр печени мелени лешници
- 200гр брашно
- џем од кајсии
За глазура:
- 250гр шеќер во прав
- 100гр посно чоколадо за готвење
- половина чаша вода
- лажица растителен маргарин
Начин на подготовка:
Замесете го тестото и оставете го половина час да отстои во фрижидер. Развијте го до дебелина од 0,5 см, извадете погачици со модла и печете на подмачкан плех на 180 степени, малку да поруменат. За глазурата загрејте шеќер со вода, тргнете од оган, додадете рендано чоколадо и маргарин, па матете додека не се олади. Со џемот спојувајте по две погачици и секоја натопете ја цо глазура од чоколадо.