Автомобил кој два пати ја прегазил сопственичката

slobodan25 ноември, 20101min00

Во болницата во Мелбурн, е згрижена една жена која е на возраст од 37 години. Таа е на интезивна нега, откако била два пати прегазена од сопствениот автомобил. Несреќниот случај го раскажала самата таа, откако дошла при свест. Го запрела својот автомобил во нагорната улица, и ја активирала рачната кочница. Но, штом излегла од автомобилот, и тргнала кон патот, автомобилот почнал да се движи кон неа. Таа почнала да трча, но несреќата била неизбежна и автомобилот поминал преку неа удирајќи ја во нозете и стомакот. Автомобилот удрил во оградата, при што се одбил и повторно ја прегазил жената. Таа неможела да се движи и имала страшни болки во колковите и нозете. Болничарот Крег Брукс изјавил дека жената е во стабилна состојба, нема отворени рани но постои можност да има внатрешно крварење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag