Сакате нешто вкусен колач, кое ќе ги задоволи Вашите потреби за благо… а се плашите од калориите??? Тогаш овој колач е токму за Вас…
Нискокалоричен, наједноставен колач со најфеноменалниот вкус…Вкусот од детството…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За 4 лица:
200 грама интегрално пченично брашно
2 лажици маслиново масло
2 лажици мак
2 јајца
80 грама кафеав шеќер
1 прашок за печиво
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пенасто изматете го шеќерот и маслото, додадете го брашното и продолжете да матите. По 2 минути матење со миксерот додадете ги јајцата, прашокот за печиво и макот и се убаво соединете. Добиената смеса сипете ја во подмачкан и побрашнет калап за печење.
Печете на загреана рерна на 200 степени, 30 минути.
Уживајте во вкусот!!!