Солена Добош торта
19 март, 20130
Вкусна солена закуска која не се пропушта !!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За палачинки
3 јајца
Шолја масло за јадење
Прстофат сода бикарбона
20 лажици брашно
1 литар млеко
Прстофат сол
За фил:
500 грама сирење
200 милилитри кисела павлака
250 грама мелени ореви
Сол и бибер
За прелив:
Една чаша кисела павлака
1 јајце
50 грама рендан кашкавал
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Од намирниците за палачинки направете тесто и испржете тенки палачинки.
Намирниците за фил убаво измешајте ги.
Со филот филувајте ги палачинките и редете ги една врз друга ( палачинка – фил ) во претходно подмачкан сад за печење. Последната палачинка не ја филувајте.
Изматете ги павлаката, јајцето и ренданиот кашкавал и прелијте го палачинките.
Печете на 200 степени Целзиусови 20 минути.
Уживајте!!!