Одличен начин да ги искористиме велигденските јајца
Потребни состојки:
– 200 гр срзнат грашок
– 200 гр морков
– 200 гр компир
– 200 гр јаболка
– 1 лимон
– 6 лажици мајонез
– 7 лажици кисела павлака
– 250 мл супа од зеленчук
– 20 гр желатин
– 5 јајца
– 1 црвена пиперка
– 1 врзоп магдонос
– бибер и сол
Подготовка:
Сварете ги грашокот, морковите, компирите во солена вода. Исечете ги и јаболките на коцки. Во нив додајте го сокот од лимон. Јаболките и зеленчукот убаво измешајте ги и додајте им го мајонезот и павлаката. Зачинете со сол и бибер и убаво измешајте. Потоа исецкајте го и магдоносот и ставете го во зеленчукот. Супата од варениот зеленчук измешајте го со желатинот и растопете го на тивок оган. Потоа сипете ја смесата во смесата со зеленчук и убаво измешајте. Сипете во еден правоаголем пле и оставете нека се стегне. Јајцата излупете ги и наредете ги во еден ред. Потоа свиткајте ја кората во ролат.