Потребни состојки:
– 150 гр путер
– 200 гр брашно
– Половина кесичка пециво
– 30 гр какао
– 170 гр шеќер
– 1 кесичка ванила
– 4 јајца
– 125 мл јогурт
За филот:
– 100 гр путер
– 200 гр црна чоколада
– 200 мл слатка павлака
– 70 гр шеќер во прав
Подготовка:
За филот растопете ги сите состојки на тивок оган и мешајте повремено. Кога ќе добиете хомогена смеса тргнете го садот од оган и оставете на собна температура.
За бисквитот растопете го путерот и малку изладете го. Во длабок сад ставете ги брашното, јајцата, какаото, пецивото, шеќерот, ванилата и убаво измешајте. Додадете го јогуртот, путерот и убаво затворете го садот. Енергично протресете го садот неколку пати.
Сипете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и ставете го во рерна да се пече околу 30 до 40 минути на 160 степени. Оставете го бисквитот да се излади, и по 5 мин извадете го од плехот. Пресечете ја кората на два дела и филувајте ја едната кора, па преклопете и целата торта премачкајте ја со остатокот од филот.