Потребни намирници:
2/3 филџан брашно
½ филџан палента
1 супена лажица прашок за пециво
1 чаена лажичка сол
¼ чаена лажичка сода
¼ чаена лажичка лут црвен пипер
1 јајце
¾ филџан млеко
4-6 виршли
4 супени лажици пченично нишесте
Дрвени стапчиња
Масло за пржење
Измешајте ги сувите компоненти без пченичното нишесте, јајцето и млекото се матат и се додаваат во сувата смеса. Смесата се меша додека не се изедначи сосема. Се остава 10 минути да отстои. Виршлите се закачуваат на стапчиња и се валкаат во пченичното нишесте, се потопуваат во смесата и се пржат во сад полн со масло додека не добијат златна боја после што се цедат на хартија.