Кошнички од компири со сланина и павлака

popara23 јули, 20131min00
12

Потребни намирници:

300 гр рендани компири

200 гр павлака

100 гр сланина

1 главица кромид

Путер

 

Формичките за мафини се мачкаат со масло за јадење. Се зема од ренданите компири кои се постилаат на дното и страните од формичката со цел да се образува кошничка. Врз слојот од компири внимателно се мачка слој путер. Подготвените гнезда од компири се поставуваат во тава во случај ако не користите форма за мафини. Решетката на рерната се подигнува високо каде се поставува тавата/формата. Се печат во претходно загреана рерна на 200-220 степени додека фатат златна коричка или околу десетина минути. За тоа време павлаката се меша со сланината и со исецканиот кромид. Готовите гнезда од компири се вадат внимателно од формичките и се полнат со смесата од павлака.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *