
Потребни намирници:
1 пакетче бисквити
1 филџан млеко
5 јаболка
1 чаша ореви
1 кафена лажичка цимет
За декорација: 150 мл слатка павлака и ореви
Бисквитите се мелат во блендер и се попаруваат со свареното млеко. Јаболката се рендаат и се мешаат со циметот и мелените ореви. Се додаваат и смелените бисквити. Смесата се меша добро и се исипува во форма за торти или некоја друга интересна форма. Се притиска добро и се остава да отстои во фрижидер една ноќ. Се превртува врз соодветна чинија и се украсува со биена павлака, ореви, чоколада и сл.