Потребни состојки:
200 гр паста
1 глава кромид
1 црвена пиперка
250 гр рукола
100 гр спанаќ
100 гр пршута
25 гр босилек
Масло за јадење
Ја вариме пастата во вода со сол.
Ги сецкаме пиперката и кромидот и ги пропржуваме во малку масло. Кога ќе омекнат ги додаваме руколата и спанаќот, ги зачинуваме со сол и бибер и ги поклопуваме 2-3 минути.
Ја цедиме пастата и ја додаваме во зеленчукот.
Сервираме заедно со малку босилек и пршута.