Потребни состојки за кората:
10 белки
300гр шеќер
3 лажици брашно
150гр мелени ореви
За филот:
500мл млеко
300гр шеќер
300гр путер
250гр мелени ореви
10 жолчки
3 лажици густин
Подготовка:
Чврсто изматете ги белките со шеќерот, додадете го брашното и оревите, па од смесата исечете две кори. За филот сварете половина од млекото со оревите. Преостанатото млеко сварете го и додадете го густинот измешан со шеќерот и жолчките. Смесите соединете ги додека се топли. Кога филот убаво ќе се олади, додадете го и пенасто изматениот путер. Двете кори премачкајте ги со филот, па завиткајте ги во ролат. Оладениот ролат исечете го на парчиња и наредете ги во облик на срце. Премачкајте го со кремот кој претходно сте го одвоиле и напрскајте го со ореви.