Потребни состојки:
15 големи печурки,
8 домати,
15 маслинки,
Масло за јадење,
Сок од лимон,
Сол,
Бибер,
Печурките измијте ги и одвојте ги шеширите од дршките. Попрскајте ги со сок од лимон, подредете ги во подмачкан плех, зачинете со бибер, посолете и печете 10 минути во загреана рерна.
Излупете ги доматите, извадете го семето, исецкајте, посолете, додајте бибер, и ставете смесата да се динста на тивок оган. Додадете ги исецканите дршки од печурките. Кога доматите ќе добијат густина, додадете ситно исецкан магдонос и со оваа смеса полнете ги печурките.
Секоја печурка украсете ја со по една маслинка.