Потребни намирници:
брашно по потреба
6 гр ванила
1 филџан шеќер
1 кафена лажичка сода
2 јајца
1 филџан кисело млеко
Начин на подготовка:
Сите продукти ги мешаме заедно и размесуваме.
Со чаша сечеме кругчиња, а во средината со капаче го оформуваме ѓевречето.
Пржиме во претходно заграно врело масло.
Ги сервираме жешки, декорирани со слатко, мед, чоколада, сирење или шеќер во прав.