ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 6 јајца
* 20гр свинска пушена шунка
* 20гр кашкавал
* 2 лажици брашно
* 1/2л. млеко
* сол
* црн пипер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Запржете две лажици брашно и разредете ги со млеко. Ставете сол по вкус и малку бибер.
- Мешајте додека да добиете густа смеса и потоа тргнете го сосот од огнот.
- Оставете да се излади и кон него додадете ги добро изматените жолчки.
- Исецкајте ја шунката на коцки, кашкавалот изредндајте го и додадете ги кон сосот, заедно со изматените белки.
- Целата смеса ставете ја во тава подмачкана со маслиново масло.
- Одозгора ставете уште кашкавал и печете во загреана рерна на умерена темпертура околу 30 минути.