Себастијан Фетел тримфираше и на трката за Големата награда на Монако, што му е петти триумф во шесте овосезонски трки, потврдувајќи ја апсолутната доминација во Формула 1 шампионатот. Трката ја одбележаа неколку инциденти, најлошо мина Петров, кој е пренесе во болница со болки во грбот.
Доминацијата на Себастијан Фетел продолжи и на денешната трка по улиците на Монте Карло. Актуелниот шампион триумфираше пред возачот на Ферари, Фернандо Алонсо и Џенсон Батон од Мекларен.
Клупскиот колега на Фетел, Марк Вебер трката ја заврши на четвртото место, откако во финишот го мина Кобајаши од Заубер. Луис Хамилтон ја заврши трката на шестото место, кое сепак, е под знак прашаник, со оглед дека се најде под истрага по инцидентот во финишот со Малдонадо.
До бодови уште стигнаа седмопласираниот Сутил, како и Хајдфилд, Баричело и десетопласираниот Буеми.
Инцидентот во кој возачот на Торо Росо, Виталиј Петров излета од стазата и доби повреди на грбот на седум круга пред крајот дополнително ја одбележа оваа трка, во пресрет на која исто така имаше инциденти, за среќа без посериозни повреди.
Имено, според последните информации возачот на Заубер Серхио Перез не е сериозно повреден во вчерашниот инцидент за време на квалификациите, па се очекува да биде подготвен за следната трка на 12. јуни во Монтреал. Се надеваме дека ни повредата на Петров не е од потешка природа.
Генерален пласман: Фетел 143, Хамилтон 85, Вебер 79, Батон 76, Алонсо 69…