Според врвните кулинари овие палачинки се највкусните палачинки во светот!!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За палачинки:
3 јајца
125 милилитри млеко
125 грама брашно
Прстофат сол
За фил:
Орави (грамажата по желба) пропржени и сомелени
4 лажички шеќер
Малку изрендана кора од лимон или портокал
1 ванилин шеќер
Малку млеко
За Шатоу:
1 децилитар бело вино
3 јајца
50 грама шеќер
2 кесички ванилин шеќер
За декорација:
Шеќер во прав
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изматете ги состојките за палачинки оставете ја смесата да отстои и испржете палачинки.
Оревите запржете ги на тивок оган, потоа сомелете ги и додадете го шеќерот, кората од лимон или портокал, ванилиниот шеќер и малку млеко ( млекото се става за да добите фил кој можете да го мачкате)
За Шатоу, одвојте ги белките од жолчките. Од белките и ванилиниот шеќер направете цврст шлаг. На пареа сварете ги жолчките заедно со шеќерот и белото вино. Кога смесата ќе стане воздушеста, тргнете го садот од пареа ( не смее да се превари бидејќи ќе се создадат грутки).
Сеуште топлата смеса од жолчки соединете ја со шлагот од белките.
Палачинките филувајте, посипете ги со шеќер во прав и одозгора или отстрана ставате од Шатоу кремот.
Уживајте во привилегираниот вкус на кралските палачинки!!!