Батаци во кари сос

popara8 октомври, 20131min00
6

Потребни состојки:

–      2 главици кромид

–      3 чешниња лук

–      12 помали пилешки батаци

–      сол, бибер

–      3 лажици масло

–      2 лажици кари

–      2 лажици соја сос

–      400 мл вода

–      50 гр неутрална павлака

–      и чили по желба

Подготовка:

Излупете ги и исекајте ги кромидот и лукот.

Месото убаво измијте го, избришете го и зачинете го со сол и бибер. Испржете го во тава, убаво од сите страни, се додека не зарумени и не стане крцкаво. Потоа извадете ги батаците, и во истото масло ставете ги кромидот и лукот да се пропржат. Ставете го карито и соја сосот. Налијте ја водата и промешајте. Оставете нека се крчка 25 минути и поклопете. Потоа ставете ја павлаката и промешајте. Доколку јадете луто, ставете и малку чили. Со овој сос прелијте ги батаците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag