Јафа колач

popara8 октомври, 20131min00
7

Сочен овошен колач, идеално решение за сите кои обожаваат благо !!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 грама брашно

100 грама шеќер

1,5 децилитри млеко

1 децилитар масло за јадење

1 прашок за печиво

3 јајца

4 децилитри свежо исцеден сок од портокал

20 грама желатин

За глазура:

3 лажици млеко

3 лажици путер

3 лажици шеќер

100 грама чоколадо за готвење.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измиксирајте ги жолчките и шеќерот, додадете го маслото за јадење, млекото, брашното и прашокот за печиво и убаво измешајте. Во друг сад на страна направете шлаг од белките и додадете го во смесата од жолчки, мешајте со лажица.

Излијте го тестото во масен сад обложен со хартија за печење, печете 20 минути на 190 степени Целзиусови.

Измешајте го желатинот со 8 лажици вода и оставете го 10 минути да порасне. На тивок оган пополека загревајте го нараснетиот желатин со постојано мешање. Кога ќе се стопи додадете го сокот од портокал и измешајте убаво со мискер. Ставете го желето во фрижидер да се згусне и со него премачкајте го оладениот пандишпан кој претходно сте го поделиле на два дела. Ставете го првиот дел од падишпанот врз послужавник и премачкајте го со желатинот, врз него ставете го вториот пандишпан.

Искршете го чоколадото и измешајте го со путерот, млекото и шеќерот. Загревајте на умерена температура додека сите состојки не се растопат. Кога глазурата малку ќе се олади премачкајте го колачот.

Уживајте!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag