ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 ванила
* 2 лажички нескафе
* 200гр шеќер
* 400мл слатка павлака
* 1 лажиче масло
* 4 лажици шеќер во прав
НАЧИИН НА ПОДГОТОВКА:
- Ја вариме павлаката, шеќерот и ванилата на тивок оган додека не добиеме светол карамел.
- Ги додаваме кафето и шеќерот во прав. Вариме уште неколку минути.
- Во мала правоаголана тава намачкана со масло ја додаваме смесата од карамел. Измазнуваме со лажица.
- Додека смесата е уште топла ги обликуваме бомбоните. Може да ги исечеме на коцки или да ги обликуваме со раце во форма по желба.