Прва фора: Кришки/калап/кругови направени од поголема пиперка ставете ги во тавата за пржење. Внимавајте да бидат доволно длабоки и правилно исечени калапите, како на сликата што следува, со цел да се спречи истекување на јајцето. Во јајцето додадете што сакате, секако…
Втора фора: Малку поголема главица кромид ќе биде одлична за овој симпатичен утрински експеримент со јајца. Кромидот исто така исечете го на правилни кругови кои ќе послужат како калап за пржење на јајцата. Истото би можеле да го направите со еден голем, сочен домашен домат…