Потребни намирници:
1 пакетче паста по избор
1/3 чаша песто
½ чаша рендан пармезан
½ чаша мајонез
½ чаша павлака
¼ чаша млеко
½ кафена лажичка сол
½ кафена лажичка бибер
1 чаша чери домати
1 китка ајсберг марула
½ чаша црни маслинки
1 пакетче моцарела
Подготовка:
Сварете ја пастата во солена вода според инструкциите. После тоа процедете и исплакнете со студена вода. Оставете ги на страна за кратко, а потоа додадете во пастата 4 супени лажици песто. Поросете со пармезан, покријте со капак и ставете го тенџерото во фрижидер додека пастата се олади. За тоа време направете го дресингот. Измешајте ги мајонезот, павлаката и млекото со останатиот дел од пестото. Додадете сол и бибер по потреба. После тоа исецкајте го зеленчукот и моцарелата.
Извадете ја пастата и најпрво покријте ја со парчиња ајсберг, после тоа додадете дебел слој од дресингот. После тоа додадете ги чери доматите, маслинките и парчињата моцарела. Накрај украсете со останатиот сос. Пред да сервирате поросете со остатокот од памезанот.