ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 500гр модри патлиџани
* 200гр пиперки
* 100гр домати
* 140гр рендан кашкавал
* 80гр стопен путер
* сол по вкус
* бибер по вкус
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Измијте го, исчистете го и исецкајте го зеленчукот.
- Ставете масло во тавата, ставете ги исецканите патлиџани, врз нив пиперките и доматите.
- Печете во загреана рерна на 220 степени, околу 35 минути, потоа посипете со сирење и вратете во рерна 5-10 минути (додека да се растопи кашкавалот).