Чудо од чоколада: Фантастичен колач кој мора да се проба

popara11 ноември, 201318min00
5

Состојки:

Кора:

4 јајца

100 дкг шеќер

20 дкг маргарин

10 дкг чоколада

4 лажици брашно

1 прашок за пециво

Крем:

0,5 литар слатка павлака

20 дкг чоколада

1 лажица шеќер

Подготовка:

За кората:

Жолчките и шеќерот се матат, на тоа се додава стопениот маргарин и чоколадата, брашното измешано со прашокот за пециво и на крај снег од белки (белките се мешаат внимателно, не со миксер). Се пече во тепсија 20х35 см на 180 степени околу 20 минути…зависи од рерната…проверете со чачкалица дали е готово.

За кремот:

Слатката павлака, чоколадата и шеќерот се загреваат на слаб оган мешајќи внимателно додека не проврие.

Печената кора се боцка со вилушка на неколку места и додека е уште топла се прелива со млакиот, не врел ни пак ладен крем. Кремот е доста течен но не треба дополнително да се мати или било што да се додава бидејќи после неколку часа во фрижидер ќе се втврдне. Колачот се лади најпрво на собна температура, а потоа се става во фрижидер да се олади и да се стегне кремот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag