Кралицата Елизабета стравува од распаѓање на Велика Британија

slobodan31 мај, 20111min00
queen-elizabeth2

Кралицата Елизабета Втора одржала кризен состанок со премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон, по повод планот на шкотските власти до 2015 година да одржат референдум за независност на Шкотска, пишува “Блиц“, пренесува НетПрес.

На состанок во Бакингемската палата кралицата ја изразила својата загриженост за референдумот кој го планира владејачката Шкотска национална партија што може да доведе до распаѓање на Велика Британија, со што и нејзината титула кралица на Англија и Шкотска ќе ја изгуби смислата. Алекс Салмонд, шкотски премиер и лидер на партијата, која на изборите на 5 мај освоиле убедливо мнозинство во шкотскиот парламент, претходно го уверувал кралското семејство дека Елизабета Втора ќе остане кралица на Шкотска дури и во случај на прогласување на независност. Со истото тврдење пробал да смири и дел од шкотската јавност која е посветена на британската круна. Салмонд инаку е познат како човек кој е во добри односи со кралицата, а се фалел дека ги спојува заедничка љубов кон коњите.

Кралицата и покрај уверувањата на Салмонд, и понатаму е загрижена за шкотскиот план националистите да одржат референдум во другата половина на мандатот на новиот парламентарен состав, што значи во периодот помеѓу 2013 и 2015 година, па на состанокот со Камерон ја изразила својата загриженост за Обединетото Кралство.   Кралицата на средбата била мирна, но   со леден поглед, кога му поставила прашање на премиерот за тоа што се случува во Шкотска.

“Единбург бара независност. Обединетото Кралство веќе нема да биде она што е сега“, рекла Кралицата и побарала од Камерон да направи што е можно повеќе за да ја спречи независноста на Шкотска.

Британскиот премиер пак одбил да интервенира во случајот, но властите во Лондон во текот на наредните месеци ќе се консултираат со експерти по уставно право. Од Камерон е побарано да побара помош од правни експерти во случај мнозинството од Шкотите да гласаат за независност.

Партијата на Салмодн веќе организирала еден референдум на национално ниво во 1997 година на кој Шкотите решиле да воспостават свој парламент, што се случило две години подоцна. По една година учество во коалиционата власт, партијата сега за прв пат добива можност самостојно да оформи своја влада, а со самото тоа да го исполни долгогодишното ветување да се распише референдум за независност.

Веста за состанокот на британската кралица и Камерон, како и загриженоста на кралицата за иднината на Велика Британија, шкотската влада ја окарактеризирала како “незрела и смешна глупост и озборување на новинарите и политичарите од Лондон“. Од Бакингемската плата не сакале да ја коментираат ваквата оценка на Единбург.

Кралицата Елизабета Втора има голем имот во Шкотска, а нејзиниот внук Вилијам и неговата сопруга Кејт студирале на престижниот шкотски универзитет “Сент Ендруз“.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag