Нутела топчиња
14 декември, 20130
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 250гр исецкано темно чоколадо
* 120мл слатка павлака
* 2 лажици (30гр) истопен путер
* 120гр нутела
* шеќер во прав
* сецкани лешници
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ставете го чоколадото во сад и оставете го на страна.
Во мало тенџерче, додадете ја слатката павлака и путерот и оставете ја смесата на оган додека не стане врела ( не смее да зоврие).
Кремот полиете го врз чоколадото и оставете да отстои една минута.
Мешајте додека смесата стане густа.
Додадете ја и нутелата, па смесата ставете ја во плех и покриете ја со прозирна фолија.
Ставете ја во фрижидер да отстои околу 2 часа, за да се стврдне.
Со помош на две лажици направете мали топчиња и тркалајте ги во шеќерот во прав или исецканите лешници.