Состојки
За кора:
6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
1 прашок за пециво
4 лажици какао
6 лажици топла вода
Милк крем:
1 л млеко
100 гр густин
4 лажици шеќер
100 гр бела чоколада
250 гр маргарин
150 гр шеќер во прав
Топинг:
200 гр млечна чоколада
5 лажици млеко
4 лажици шеќер
150 гр маргарин
Подготовка:
Кора: јајцата се матат со шеќер. Брашното, прашокот за пециво и какаото се мешаат, се додаваат во матените јајца и се заедно внимателно се меша. Се додава и вода. Смесата се префрла во поголем плех обложен со хартија и се пече на 180 степени, 20 минути. Кората се сече на половина.
Милк крем: од млекото извадете 150 мл за да ги растворите густинот и шеќерот. Во преостанатото млеко додадете бела чоколада и ставете го садот на оган да зоврие. Во врелото млеко додадете ја смесата со густинот и мешајте се додека не се добие потребната густина. Кога ќе се олади додадете матен маргарин со шеќер во прав.
Топинг: чоколадата, шеќерот, млекото и маргаринот ставете ги на оган се додека состојките не се соединат. Кремот треба да се олади, за да изгледа како омекнат маргарин.
Фил: кората премачкајте ја со белиот фил, потоа со топингот, додадете ја втората кора и повторете ја постапката.