Состојки:
6-7 јаболка
3 чаши павлака
1 кутија бисквити
100 гр ореви
9 супени лажици шеќер
Цимет
Подготовка:
Изматете ја павлаката со 6 лажици шеќер. Јаболката се лупат и рендаат, па им се додава преостанатиот шеќер и циметот. Бисквитите се кршат на ситни парчиња или се мелат. Во длабоки чаши додадете ред јаболка, ред бисквити и ред павлака – се додека има место. Најгоре се завршува со кршени ореви. Од оревите можете да ставите и помеѓу редовите. Десертот треба добро да се олади пред послужување. По желба може да украсите со рендана чоколада.