Состојки:
350 гр компири
30 гр путер
45 гр брашно
2-3 јајца
1 лажица рендано сирење
Индиско оревче
Бибер
Сол
Масло за пржење
Подготовка:
Ги вариме олупените компири додека омекнат и ги пасираме.
Го топиме путерот на пареа, додаваме малку вода, додаваме внимателно брашно со постојано мешање и вариме отколу 2-3 минути.
Го тргаме садот од оган, ги додаваме матените јајца и мешаме добро.
Ги додаваме пасираните компири.
Ги додаваме и зачините, ренданото сирење, правиме топчиња од смесата и со лажица ги додаваме во врелото масло. Се пржат додека не добијат златко-кафена кора.