Лесна и превкусна Бутер торта

popara6 септември, 201517min00
13

Состојки:

1 кг бутер тесто (замрзнато лиснато тесто- само да напоменам дека пред употреба треба да стои барем 12 часа во фрижидер за да се одмрзне убаво за да може да се обработи понатаму )

1,5 пакетчиња пудинг од ванила

750 мл млеко

15 супени лажици шеќер

100 гр путер

200 мл слатка павлака

150 гр чоколадо за готвење

Растегнете го бутер тестото и поделете го на три еднакви правоаголници. Парчињата поставете ги во тавички обложени со хартија за печење. Корите се печат во претходно загреана рерна на висока температура се додека не добијат златно-кафена коричка. Направете го пудингот според упатството. Оставете да се олади, па во пудингот додадете го матениот путер и добро измешајте. Додадете ја во кремот и матената павлака, при што се меша само во еден правец за да не спласне. Ставете ја првата кора во соодветна според димензии тавичка и намачкајте ја со дебел слој од кремот. Потоа следува второто бутер тесто и повторно крем. На крај оди третото бутер тесто кое се покрива со стопеното чоколадо. Торатата треба да отстои 5-6 часа во фрижидер пред да се сервира.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag