Тајни за домашно белење на заби! Направете го тоа сами!

popara30 јануари, 20141min00
red white fruits lips frozen oranges sugar frost teeth lemons 1920x1080 wallpaper_wallpaperswa.com_75

Во обидот да се има блескава насмевка многу луѓе даваат големи пари на стоматолог за избелување. За среќа природата е богата со производи кои за многу помалку средства ќе ви овозможат блескаво бела насмевка.

blog_fruit

Ова се трите најефикасни производи што можете да ги искористите за такво нешто. Ќе треба да почекате неколку дена, но на крајот ќе видите дека се исплати.

Јагоди

Јагодите се еден од најевтините начини да дојдете до бела насмевка. Тие во себе содржат ензим кој ги бели забите. Направете еден вид паста само од јагоди и мијте ги забите една до две минути или можете само да пресечете јагода на половина и да ги истриете забите со неа.

Сода бикарбона

Ова е рецепт познат уште од минатите времиња. Овој начин на белење бил популарен во минатото бидејќи тогаш немале толку подготвени стоматолози, но и денеска има луѓе кои го користат. Начинот е многу едноставен, нанесете сода бикарбона на четка за заби и измијте ги, но внимавајте не смеете пречесто да го користите овој начин зашто содата е силна и може да ги оштети забите ако претерате со употребата.

Лимон

Лимонот е ефективен, но неговиот сок е премногу силен. За да не ги оштетите забите наместо лимонов сок, искористете ја лимоновата кора. На кората додадете малку сол и истријте ги забите, а потоа измијте ги со обична паста.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma