Највкусните Монте коцки

popara4 октомври, 201518min00
7

Состојки за кора:

4 јајца

4 лажици шеќер

4 лажици топла вода

4 лажици брашно

2 лажици какао

1 прашок за пециво

Прелив:

1 дцл чоколадно млеко

Крем:

1 л млеко

6 лажици шеќер

8 лажици густин

200 гр путер

Чоко-крем:

200 гр чоколадо

200 гр нутела

0,5 л тетрапак шлаг

Подготовка:

Кората ќе ја направите така што ќе ги изматите најпрво жолчките и шеќерот. Додадете топла вода, какао и брашно измешани со прашокот за пециво. На крај додадете го снегот од белки иматен со прстофат сол. Внимателно, без миксер измешајте ја смесата, па префрлете ја во сад за печење обложен со хартија. Кората се пече на 180 степени. Откако кората ќе се олади, посипете ја со чоколадното млеко кое претходно сте го загреале. Оставете да се олади.

Состојките за кремот соединете ги на пареа, и откако ќе се олади, додадете го матениот путер.

Кремот се мачка врз кората.

Темниот крем се подготвува така што се загрева павлаката до точка на вриење, но не смее да зоврие и се додава чоколадото и нутелата…добро измешајте…оставете да се олади.

Врз белиот крем додадете го темниот крем…де украсува по желба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag