
Состојки:
Околу 35-40 палачинки
2 л млеко
2 пудинг од чоколадо
2 пудинг од ванила
20 лажици шеќер
200 гр шлаг крем
Подготовка:
Направете палачинки. Се филуваат со мармалад или еурокрем. Се подредуваат палачинките во подлабок плех. Во 1 литар млеко сварете 2 пудинга од ванила и 10 лажици шеќер. Добиениот крем се додава врз палачинките додека е сеуште врел. Потоа ставете уште еден ред палачинки. Другиот пудинг се вари на истиот начин, само што е од чоколадо и се додава врз редот палачинки. Оставете да се олади. Изматете 200 гр шлаг крем и украсете ја тортата.