Состојки
450гр. кори за баклава ;
150 гр. ореви (мелени) ;
150 гр. плазма бисквити (мелени) ;
100 гр. шеќер ;
1 ванилин шеќер ;
150 мл. масло ;
Шербет:
500 гр. шеќер ;
1/2 л. вода
Подготвување
Во повисок сад се става шеќер, ванилин шеќер, ореви, и плазма бисквитите и се промешува. Во намрсено плехче, прво ставете кора, попрскајте ја со маслото и ставете малку од филот. Втората кора само попрскајте ја со масло. На третата кора ставете и малку од маслото, ставете и и фил, и замотајте ја во форма на ролат. Постапката повторете ја со сите кори. Печете ја баклавата 30 минути. во рерна на 200C.
Припрема на шербет:
Во сад ставете го шеќерот и водата. Откако ќе зоврие, оставете го 10 минути на тивок оган. Со ладен шербет се прелива топлата баклава.