Фритула е хрватско празнично пециво кое личи на познатите крофни. За овој рецепт потребни ви се следните состојки:
- 400 г брашно
- 200 мл млеко
- 1 јогурт
- 2 жолчки од јајце
- 1 лажица рум
- 2 лажици шеќер
- Рендана кора од портокал
- ½ мала лажица сол
- квасец
Подготовка:
Измешајте го квасецот со малку брашно, шеќер и топло млеко. Во посебен сад ставете брашно, па додадете шеќер, јогурт, рендана кора од портокал, рум, сол, жолчки и квасец (што го подготвивте претходно). Истурете топло млеко и мешајте со миксер, додека не се појават меурчиња. Оставете ја смесата на топло околу еден час. Потоа, со лажица вадете го тестото и пржете на загреано масло, додека не примат жолто-златна боја.