Формулата за совршена пица

popara24 февруари, 20141min00

Потребни состојки за тестото:

● 500 грама брашно
● Еден свеж квасец од 42 грама
● 125 милилитри топла вода
● Лажица сол
● Лажица маслиново масло
Подготовка на тестото:

Дел од брашното ставете на работната маса и во средината направете мала дупка, каде што ќе го ставите квасецот и ќе ја додадете водата, па на крајот ќе го замшате тестото. Оставете го тестото покриено околу десет минути, се со цел истото да нарасне.

Потоа додадете го преостанатото брашно, солта, маслото и сето тоа добро измешајте го. Имајте во предвид дека тестото се подготвува од меко брашно, а се развлекува со поостро брашно.

На крајот оставете го тестото покриено на топло место околу 30 минути, се со цел истото дополнително да нарасне. Потоа размесете го повторно на површина наросена со брашно или премачкана со масло, или пак на хартија за печење со која што ќе го обложите и самиот сад за печење. Направете мали топчиња од тестото, кои што потоа со помош на рацете во округлите садови за печење ќе ги формирате во тесто за пица.
Подготовка на филот за пица:

Пицата може да биде мрсна и преполна со јаглехидрати, меѓутоа истата може да биде и здрав оброк со потребните витамини и минерали. Така, белото брашно заменете го со интегралното, кое што е богато со антиоксиданци.

Пиперките се преполни со бета-каротен, витамин Ц и ликопен, моќен антиоксиданс кој го спречува настанувањето на одредени болести, а шунката, колбасиците и другите мрсни месни состојки можете да ги замените со пилешко.
Доколку на пицата и додадете и малку спанаќ, истата ќе ја збогатите со железо, а доколку сакате да внесете и поголема количина на витамин Ц, не заборавајте пиперка. Димен лосос, туна, кисела зелка, рукола, артичока, печурки и маслинки… Сето тоа се здрави намерници кои што одлично се вклопуваат како додаток за пица.

Одберете ги омилените здрави состојки и претворете ја пицата во оброк за кој вашето тело ќе ви биде благодарно. Избегнувајте ги замрзнатите готови пици затоа што тие во себе ја содржат целата препорачана дневна доза на сол, а заситените масти кои што ги содржат овие пици се доволни за дури и неколку денови. Она што е уште посериозно е тоа што според најновите истражувања, дел од состојките потребни за организмот, готовите пици воопшто и ги немаат.