Полнети земички

popara26 февруари, 20144min00
7

Состојки

 

  • 8 готови земички
  • 25 гр. путер
  • 8 јајца
  • 8 парчиња печеница ситно сецкана
  • додатоци по избор (свеж домат, зелена пиперка, рендан кашкавал, крем сирење, кромид, пинџур)
  • сол и бибер
  • магдонос свеж, за декорација

 

Упатство

 

Загрејте ја рерната на 180 степени. Растопете го путерот на слаб оган.

 

 

Отсечете го врвот на земичките.

 

 

Потоа со остар нож издлабете дупка во секоја од нив.

 

 

Растопете го путерот и со кујнска четка намачкајте ја внатрешноста на земичките.

 

 

Зачинете ги со сол и бибер.

 

 

Потоа зависно од вашите желби пригответе ги додатоците за полнење. Исецкајте свеж домат, пиперка, многу ситно сецкан кромид, рендан кашкавал.

 

 

Во секоја од земичките распределете ја ситно сецканата печеница. Измешајте ги додатоците по желба и наполнете ги земичките ¾.
Потоа врз секоја од нив искршете по едно цело јајце. Зачинете го сол и бибер и декорирајте со свеж магдонос.

 

Поставете ги земичките на плех и печете ги 10 минути. Потоа покријте го плехот со алуминиумска фолија и вратете го да се допече уште 20 минути.
Послужете ги земичките веднаш. По желба можете врз нив да изрендате малку сирење или кашкавал.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma