Нутела лава

popara5 март, 20141min00
11

Потребни состојки:

4 лажици саморастечко брашно

3 лажици какао во прав

4 лажици шеќер

1 јајце со средна големина

3 лажици Нутела

3 лажици млеко

3 лажици маслиново масло

2-3 кафени лажици ситни парчиња чоколадо

Начин на подготовка: Сите состојки освен парчињата чоколада ставете ги во еден сад. Мешајте добро додека смесата не стане хомогена. Потоа смесата поделете ја во 3 мали шолји или 2 шолји со средна големина, или некаков мал керамички сад. Не ги преполнувајте шолјите, наполнете само 3/4 за подоцна смесата да не се излее надвор од нив. Во секоја од шолјите наросете по неколку парчиња чоколадо. Потоа ставете ги во микробранова печка.

Ќе бидат потребни од 30 секунди до 3 минути за да бидат готови, зависи од микробрановата печка. Внимавајте, не оставајте ги долго бидејќи ќе станат многу суви.

Може да ги сервирате без никаква декорација бидејќи секако убаво ќе изгледа, или да декорирате со шлаг и сечкано овошје на врвот. Тоа е веќе ваш избор и показател на вашата креативност.

Добар апетит!