Меки и кремасти чоколадни коцки

popara8 март, 20141min00
4

Потребно е:

  • 230 г чоколадо со 60% какао маса
  • половина лажиче чили во прав
  • прстофат сол
  • 1/2 шолја (240 мл) хопла
  • какао за валкање

Подготовка: Чоколадото исечете го на помали коцки. Ставете го во сад и додајте ги солта и чилито. Во тенџерче ставете ја хоплата и почекајте да зоврие. Кога ќе зоврие, претурете ја хоплата врз чоколадото и почекајте 3 минути без да мешате. По три минути, измешајте ја смесата со дрвена лажица додека не стане мазна. Готовата смеса истурете ја врз пластична фолија и завртете ја како салама или како што ќе ви биде згодно. Ставете го чоколадото во замрзнувач и оставете го неколку часа додека не се стврдне убаво. Потоа, извадете го чоколадото и извадете ја фолијата. Од чоколадото сечете коцки со димензии по ваш избор. Коцкичките извалкајте ги во какао.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *