Состојки:
1,5 литри млеко
5 пудинга од ванила
2 маргарина кристал
300 грама прав шеќер
2 пакетчиња ванили
300 грама плазма бисквити
малку сок од портокал ( или лимон)
300 грама кокос
300 грама мелени ореви
Подготовка:
Во тенџере го ставаме млекото, од млекото вадиме мала количина во друг подлабок сад за да може да ги раствориме пудинзите. Потоа го ставаме млекото на рингла и го вариме. Пудинзите убаво ги раствараме во млекото мешајки ги со лажица маталка. Кога млекото ќе почне да врие ќе ги ставиме и пудинзите и мешаме се додека не добиеме густа смеса. Кога е готов пудингот го тргаме на страна и го оставаме да се излади. Во друг подлабок сад ги матиме двата маргарина со 300 грама прав-шекер. Кога е пудингот изладен ги додаваме и изматените маргарини. Убаво мешаме и ги додаваме двете ванили. Смесата ја делиме на 3 дела во првиот дел ставаме 300 грама плазма бисквити (мелени) и малку сок од портокал. Во вториот дел ставаме 300 грама кокос ( тоа ќе ни биде средниот дел). Во третиот дел ставаме 300 грама ореви ( мелени). Кога ни е се спремно ги мачкаме деловите ги редиме едно врз друго.Најодозгора ја мачкаме со шлаг. Готовата торта ја оставаме малку да одстои а потоа ја служиме.