
Потребни состојки:
10 јајца
450 гр шеќер
150 гр шеќер во прав 4 ќесички ванилин шеќер 60 гр густин 500 мл млеко 250 гр маргарин 600 гр јагоди (замрзнати) 3 ќесички пудинг од ванила 1 ќесичка пудинг од јагода 200 гр чоколадо за готвење 4 ќесички шлаг хартија за печењеВо две чинии одделете ги белките од жолчките.
Подготовка на кора:
Со миксер изработете ги белките додека не добиете пенаста смеса, а потоа постепено додавајте 150 гр шеќер. Рерната загрејте ја на 150 степени. Тавчето обложете го со хартија за печење, можете малку да ја намачкате со зејтин. Истурете ги белките и печете ги 1 час на 150 степени, така што повеќе да се сушат отколку да се испечат.
Подготовка на чоколаден прелив:
Растопете 200 гр чоколадо за готвење и истурет го врз испечената кора од белки. Оставете да се олади и ставете ја во фрижидер.
Фил1:
10те жолчки изработете ги со миксер со 100 гр шеќер, додадете ги 4те ванили, густинот и 1 пудинг од ванила. Згрејте пола литар млеко и постепено во него додавајте ги жолчките. Постојано мешајте за да не настанат грутки, треба да добиете густа смеса. Оставете го филот да се олади.Со миксер изработете го маргаринот, постепено додавајте го шеќерот во прав, а потоа и изладениот фил со жолчки. Ставете ја смесата во фрижидер.Доколку се појават грутки уште еднаш изработете ја смесата со миксер, пред нанесување.
Фил 2:
Во сад за готвење ставете 1 чаша вода и 200 гр шеќер. Остевете ги да повријат и додадете ги јагодите. Кога ќе зовријат додадете 2 ќесички пудинг од ванила и 1 ќесичка пудинг од јагода (пудинзите пред да ги додадете во смесата со јагоди, посебно измешајте ги со малку вода и внимавајте да не се создадат грутки). Оставете го филот да се олади.
Откако кората и филовите ќе се оладат, започнете со филување. На кората првин се нанесува жолтиот, па црвениот фил, а најгоре ставете го шлагот.Декорирајте со јагоди, вишни или чоколадни мрвици.