Брз колач со мелени бисквити и лешници
26 март, 20140
Состојки:
100 мл млеко
125 гр маргарин
150 гр шеќер
150 гр мелени плазма бисквити
150 гр мелени лешници
200 гр чоколадо (бело или црно, по желба)
Подготовка:
1. Млекото, маргаринот и шеќерот ги ставаме во сад на оган. Мешаме додека да зоврие.
2. Откако ќе зоврие го тргаме на страна. Во него ги додаваме мелените бисквити и мелените лешници. Мешаме додека смесата не се соедини.
3. Од смесата расукуваме кора во вид на правоаголник со дебелина од 1 цм.
4. Врз кората додаваме стопено чоколадо.
5. Откако ќе се здрви сечиме коцкички. Украсуваме по желба.